
Три македонски клуба ќе играат во Европскиот куп – Охрид е најпривилигиран!
Наш најдобро рангиран претставник е тимот на Охрид, кој е на високата петта позиција и како носител ќе се приклучи во второто квалификациско коло. Благодарение на триумфот на Алкалоид во ова натпреварување, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ѝ додели дополнително место на Македонија, кое ќе го пополни тимот на Тиквеш. Кавадарчани исто така ќе почнат од втората квалификациска рунда, но во полошо рангираниот шешир.
Трет македонски претставник ќе биде составот на Бутел, кој доби вајлд-карта по поднесено барање до ЕХФ. За разлика од останатите два македонски клуба, Бутел ќе настапи уште од првото квалификациско коло и исто така ќе биде сместен во вториот шешир за ждрепката.