Тргна словенечнкиот воз за ЕП: Играчите и навивачите заедно кон Загреб (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација уште вчера пристигна во Загреб, но нашиот прв противник Словенија, денеска со воз замина за главниот град на Хрватска. 

Словенците како што ветија, тргнаа за Европското првенство со воз придружени со своите навивачи. Се очекува Словенците да имаат најголема навивачка подршка на овој турнир веднаш зад домаќинот Хрватска.

Утре во Загреб ќе биде пеколкно и на трибините, бидејќи најавени се и 2.000 навивачи од Македонија, кои ќе ја бодрат репрезентацијата на отворањето на турнирот.