Словенците на ЕП ќе патуваат сосе навивачите - со воз! (ВИДЕО)

Првиот противник на Македонија на Европското ракометно првенство во Хрватска, Словенија на континенталниот шампионат во Загреб ќе дојде со – воз. И тоа комплетната селекција, сосе новинарите, па и навивачите од Љубљана ќе пристигнат во хрватската престолнина в петок на најнеочекуван начин.

Очигледно Веселин Вујовиќ знае како да ја (до)запали нацијата за стартот на шампионатот, откако Словенија минатата година стигна до бронзата на СП во Франција. Избраниците на „Вујо мајсторе“ ќе се дружат со новинарите и приврзаниците на патот до Загреб в петок, а ден подоцна ќе се соочат со македонските репрезентативци предводени од Раул Гонзалез.