Сите ја видоа топката во голот, а потоа - „Нинџа одбрана“ на Мандиќ (ВИДЕО)
Првото полувреме мина во доминација на „коцкестите“ кои рано направија високо водство, а придонес за тоа имаше голманот Матеј Мандиќ. Особено се истакна во 13. минута кога Словенците се обидоа да погодат од брз центар на празен гол, но Мандиќ излезе „од никаде“, се испружи колку што е долг и успеа да одбрани.
По првото полувреме Мандиќ имаше шест одбрани кои беа доволни за Хрватска да замине на голем одмор со 15-11.