Ѓорческа со фуриозна победа го почна настапот на челинџерот во Порто!
Станува збор за квалитетен турнир со награден фонд од 60.000 долари, на кој настапуваат тенисерка што се наоѓаат помеѓу 200. и 300. место на ВТА листата. Ова е прв настап за нашата Лина по учеството во квалификациите за Австралија опен, каде што испадна во второто коло.
Следен противник на Ѓорческа ќе биде подобрата од пресметка помеѓу Германката настасја Шунк и Турчинката Ајла Аксу.