Хрватите беснеат: Милко Ѓуровски со неколку збора го понижи Лука Модриќ!
Капитенот на Хрватска и долгогодишен лидер на Реал Мадрид со години важи за еден од најценетите играчи од средниот ред во светскиот фудбал, а во 2018 година ја освои и престижната награда „Златна топка“. Сепак, според Ѓуровски, Модриќ не може да се споредува со Владимир Петровиќ – Пижон, легендарниот играч од средниот ред на црвено-белите од Белград.
„Модриќ не може да се мери со Пижон. Според мене, Пижон е за него три класи подобар. Денес сите се водат по наметнати мислења, никој не гледа реално“, изјави Ѓуровски.
Ѓуровски со оваа изјава го навлече гневот на хравтската јавност, која не може да прифати било каква критика на најдобриот фудбалер во историјата на оваа држава.
ФОТО: EPA PHOTO