Алармот во Арсенал е вклучен: Артета бара три засилувања до крај на јануари

Поразот на Арсенал од Манчестер јунајтед (2-3) на „Емирати“ го вклучи алармот во лондонскиот гигант, па тренерот Микел Артета побара итно да му бидат ангажирани нови засилувања кои треба да му помогнат да ја освои титулата во Премиер лигата.

Артета од раководството на „топчиите“ побарал дури три засилувања, кои треба да бидат ангажирани до крајот на зимскиот преоден рок.

Прв на списокот е Виктор Валдепенас од Реал Мадрид, кој игра како лев бек и треба да ја покрие позицијата во одбрана, а неговата откупна клаузула е 50 милиони евра.

Арсенал би можел да добие засилување и во офанзивниот дел од теренот, а една од желбите е Јаник Караско кој би можел да пристигне на позајмица во Лондон.

Трето засилување за Артета во јануари треба да биде фудбалерот за врска на Ал Хилал, Рубен Невеш кој воодушеви со осум голови во 22 настапи.

Фото: Facebook/Arsenal