Познато кога Ѓоковиќ го игра четвртфиналето против Музети во Мелбурн
Организаторот на турнирот во Мелбурн објави дека Ѓоковиќ и Музети ќе излезат на „Род Лејвер Арена“ в среда од 4.30 часот по македонско време.
Победникот од оваа пресметка, ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон во полуфиналето на турнирот.
Претходно на програмата се Елена Рибакина и Ига Швјонтек од 1.30, а потоа Џесика Пегула и Аманда Анисимова од 3 часот.