Барселона договори ново засилување, доаѓа 19-годишен Уругваец!

Каталонскиот гигант Барселона мисли на својата иднина, а тоа го покажа со најновото засилување. Станува збор за младиот лев бек Патрисио Пасифико кој доаѓа од Дефенсор од Уругвај.

Барселона ќе го ангажира на позајмица, со опција да купи 80% од неговиот договор за три милиони евра.

Сумата може да се зголеми до 3,8 милиони евра доколку се исполнат бонусите и Пасифико одигра 30 минути во барем 10 натпревари во следните пет месеци.

Пасифико ќе биде регистриран за резервниот тим на Барселона, но во него се гледа решение за првата екипа во иднина.

Фото: Facebook/BarcelonaFC