Дончиќ е од друга планета: Словенецот со 46 поени го разнесе Чикаго (ВИДЕО)
Првото полувреме од мечот им припадна на Лејкерси со 69-56, а посебно добар на паркетот беше Леброн Џејмс, додека во вториот дел доминираше Дончиќ.
Дончиќ го заврши натпреварот со 46 поени, 11 асистенции и седум скокови, а Џејмс го следеше со 24 поени, пет скокови и три асистенции. На спротивната страна најдобар беше Коби Вајт со 23 поени, пет скокови и шест асистенции.
Останати резултати:
Кливленд – Орландо 114-98
Бостон – Портланд 102-94
Хјустон – Мемфис 108-99
Минесота – Голден Стејт 108-83
Фото: Facebook/Los Angeles Lakers