Слот потроши пола милијарда евра и - има 20 бода помалку од истиов период лани
Во желба дополнително да го засили составот и да атакува и на другите трофеи, во текот на летото менаџерот Арне Слот потроши околу 500 милиони евра на засилувања кои требаше од Ливерпул да направат незапирлива машина. Место тоа, на „црвените“ им виси пласманот во Лигата на шампионите бидејќи во моментов имаат 36 бода, 14 помалку од лидерот Арсенал и се на шестото место на табелата, без победа во последните пет кола.
Неверојатно звучи споредбата на резултатите и освоените бодови на Ливерпул оваа и минатата сезона. По 23 кола лани, Ливерпул имал 56 освоени бода, дури 20 повеќе отколку што има во моментов, исто така по 23 кола. Дури ни сегашниот лидер Арсенал не може да се спореди со тој Ливерпул затоа што има шест бода помалку.
Англија веројатно повторно ќе добие петти претставник во Лигата на шампионите што би можел да го спаси Ливерпул, но сепак, барем ако се земат предвид досегашните резултати, изгледа дека залудно се потрошени 500 милиони евра.