Втор пораз на Вардар во Анталија, црвено-црните загубија од Динамо Махачкала (ФОТО)
Рускиот тим беше значително поквалитетен од Вардар. Момците на Гоце Седлоски имаа само еден удар во рамките од голот на противникот, имаа и уште два шута кои беа непрецизни.
Динамо во првото полувреме даде два од погодоците, во вториот дел уште еднаш ја погодија вардаровата мрежа за конечни 3-0.
До крајот на подготовките во Анталија на Вардар му остануваат уште два натпревари, против рускиот Акхмет (29.01) и Алшкерт од Ерменија (02.02).




