„Лизгалиштето“ во Куманово првпат домаќин на најдобрите тима во Купот на Македонија!

Екипата на Куманово првпат во историјата ќе биде домаќин на завршницата од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако клубот денеска официјално ја доби организацијата на финалниот турнир во машка конкуренција за оваа сезона.

Кумановци го исполниле условите од јавниот конкурс и ја добија довербата да ја организираат завршницата на најмасовното клупско натпреварување во македонската кошарка, во кое ќе настапат осумте најдобри екипи во земјава. Финалниот турнир ќе се одржи во од 13 до 15 февруари, а сите натпревари ќе се играат во реновираната спортската сала, која делумно важи и за „лизгалиште“. Прашање е само дали кумановци ќе избегне бламажа налик на таа од синоќа, кога средбата против Чаир 2030 мораше да биде прекината по нецели две минути, поради лизгавиот паркет со надеж дека денеска ќе може да се доигра.

Покрај домаќинот Куманово, за трофејот ќе се борат уште ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Пелистер, Маџари, Работнички и Феникс 2010, кои ќе бидат дел од тридневната кошаркарска завршница. Бранител на трофејот се „металците“ од Аеродром, кои се најтрофејни во ова натпреварување со 13 освоени пехари.

КУП НА МАКЕДОНИЈА

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

(1) ТФТ – Феникс 2010

(2) МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

(3) Кожув – Маџари

(4) Пелистер – МКК Куманово

ПОЛУФИНАЛЕ

(5) Победник 1 – Победник 4

ФИНАЛЕ

Победник 5 – Победник 6