Манчестер јунајтед запре неверојатна серија на Арсенал која траеше 121 меч!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед славеше со 3-2 против Арсенал на „Емирати“ во Премиер лигата, па така тренерот Мајкл Керик и неговите избраници успеаја да запрат неверојатна серија.

„Топчиите“ немале примено повеќе од два голови на дури 121 натпревар, односно серијата почнала во 2023 година, меѓутоа тоа се промени во дербито на „Емирати“.

Јунајтед беше првиот тим кој успеа по подолго време да ја затресе мрежата на Давид Раја дури три пати, а головите ги постигнаа Брајам Мбеумо, Патрик Доргу и Матеус Куња.

Фото: Facebook/Manchester United