Падна нов договор: Премиер лигата ќе се емитува на „Арена“ до 2034 година!

Компанијата „Телеком Србија“ и „ТВ Арена Спорт“ објавија дека е продолжен договорот за пренесување на натпреварите од англиската Премиер лига до 2034 година.

Премиер лигата е најпопуларна во светот и нуди возбудувања во секое коло, а „Арена“ реши да си ги продолжи правата за емитување на натпреварите.

„Со гордост ве известуваме дека соработката со најдобрата фудбалска лига е продолжена до 2034 година. Со овој договор ја зацврстивме лидерската позиција на спортскиот медиумски простор во регионот. Имаме одличен однос со партнерите од Англија кој дополнително ќе го унапредиме во следните години“, соопштија од „Арена“.

Ова значи дека најголемите ѕвезди од најсилната европска лига ќе се следат на „Арена“ и во следните осум години.

Фото: Facebook/Manchester City