Анчелоти не треба да се грижи: Бразил ќе му понуди нов договор пред Мундијалот
Анчелоти во мај минатата година ја презема репрезентацијата на Бразил, а има договор со фудбалскиот сојуз до крајот на Светското првенство (СП).
„Преговорите се во тек, а двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Продолжување на договорот пред почетокот на СП е важно за бразилскиот фудбал. Анчелоти за кратко време го потврди својот квалитет. Тој е совршен за репрезентацијата на Бразил“, соопшти Шауд.