Фернандеш ќе остане во Манчестер, но само ако стане најплатен фудбалер во клупската историја!

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш има договор со Манчестер јунајтед, но англискиот гигант сака да ја продолжи неговата соработка по шпекулациите дека би можел да замине во Саудиска Арабија.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да му понудат нов договор, но медиумите пишуваат дека Фернандеш ќе бара многу висока плата, односно 400.000 фунти неделно, со што би станал најплатен фудбалер во клупската историја.

Фернандеш во моментов има важечки договор до јуни 2027 година, со опција да ја продолжи соработката на дополнителни 12 месеци, но интересот од С. Арабија го вклучи алармот на „Олд Трафорд“.

Искусниот фудбалер го носи дресот на „ѓаволите“ од 2020 година, а претходно играше за Спортинг Лисабон, Сампдорија, Удинезе и Новара.

Фото: Facebook/Manchester United