Алкараз како „брз воз“ дојде до полуфинална пресметка против Зверев!
Шпанецот имаше минимални проблеми само во првиот сет, кој го доби со 7-5, а потоа беше убедлив со 6-2 и 6-1 во преостанатите два сета. Мечот траеше 2 часа и 20 минути.
Кај жените, Украинката Елина Свитолина со експресен настап го совлада домашниот адут Коко Гоф со 6-1, 6-2 за само 59 минути и се пласираше во полуфиналето против Арина Сабаленка.