Хорор несреќа: Комбе се распарачи по судир со камион, загинаа седум навивачи на ПАОК (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Трагедија денеска ја погоди Грција откако во тешка сообраќајна несреќа во Романија животот го загубија седум навивачи на ПАОК, а уште три лица се повредени, од кои едно се наоѓа во животна опасност.

Навивачите патувале за Франција каде што требало да го следат натпреварот од Лигата на Европа против против Лион, но нивното патување трагично било прекинато на околу 80 километри од српската граница.

Страшната несреќа се случила во близина на градот Лугој, недалеку од Темишвар во моментот кога комбето со навивачи се обидело да претекне друго возило пред себе, тогаш возачот веројатно кратко изгубил контрола и директно се судира со камион кој доаѓа на другата лента од спротивен правец.