Господски потег на Алкараз - побара да се поништи казна за неговиот противник (ВИДЕО)
По освојувањето на 11. гем во првиот сет и водството од 6-5, Алкараз му препушти сервис на Де Минор. Според правилата, серверот мора да го започне поенот во рок од 25 секунди од добивањето на топчето, но поради нешто подолга пауза меѓу гемовите дојде до недоразбирање.
Де Минор го зеде топчето, а непосредно пред истекот на 25-те секунди, Алкараз со гестикулација му сигнализираше да почека. Сепак, по истекот на дозволеното време, главната судијка Ева Асдераки го казни австралискиот тенисер, што предизвика негодување кај домашната публика.
Веднаш реагираше Алкараз, кој ѝ пријде на судијката и побара казната да биде поништена, објаснувајќи дека поради него било надминато дозволеното време за сервис. Асдераки ја уважи забелешката на шпанскиот тенисер и ја повлече казната за Де Минор, а Алкараз со овој спортски гест ги освои симпатиите на публиката.
"I wasn't ready."
— TNT Sports (@tntsports) January 27, 2026
Carlos Alcaraz takes the blame and defends Alex De Minaur's time violation ⏰ pic.twitter.com/DgRfObgwuR