Не издржа во пензија: Луис Нани се врати на терените, веќе има нов клуб

Португалскиот ветеран Луис Нани се враќа на терение на 39-годишна возраст по две години поминати во пензија и ќе го носи дресот на Актобе од Казахстан.

Нани се пензионираше во 2024 година, кога ја заврши кариерата во португалскиот клуб Естрела Амадора, а сега одлучи да се врати на зелениот терен. 

Најдобрите денови од кариерата Нани ги помина во Манчестер јунајтед, каде што на 147 натпревари постигна 25 голови. Во еден период важеше за потенцијален наследник на Кристијано Роналдо во редовите на „црвените ѓаволи“, но сепка таквите очекувања никогаш не ги исполни.

Освен Манчестер јунајтед, Нани настапуваше и за други големи европски клубови, меѓу кои Лацио, Спортинг Лисабон, Валенсија и Фенербахче.

За репрезентацијата на Португалија одигра 112 натпревари, постигна 24 голови и беше дел од генерацијата што ја освои европската титула во 2016 година.