Јунајтед ја подготвува замената за Бруно Фернандеш - суперѕвездата на Челси
Според Сан, Палмер никогаш не можел да се навикне на Лондон и сака да се врати во својот роден град. Новинарот додава дека 23-годишниот Англичанец е отворен за трансфер во Манчестер Јунајтед, чиј навивач е уште од детството, и покрај тоа што пораснал во академијата на Манчестер Сити, од каде што се преселил во Челси. „Црвените ѓаволи“ претходно беа заинтересирани за Палмер, кој стана ѕвезда од светска класа за две и пол години во Челси.
Иднината на сегашниот плејмејкер на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, останува неизвесна и тој постојано се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија. Беше блиску до заминување минатото лето, а по завршувањето на сезоната сериозно ќе ги разгледа сите опции за својата иднина. Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година, со опција за уште 12 месеци, но за да го задржи на Олд Трафорд, раководството на клубот мора да ја зголеми неговата плата на 400.000 фунти неделно и да му гарантира учество во Лигата на шампионите.
Постои опција Палмер да дојде и во случај Фернандеш да остане, но прашање е дали тоа може да го издржи буџетот на клубот. Јунајтед сигурно би морал да потроши значителна сума ако сака да го потпише Палмер, кој и покрај проблемите со повредите од почетокот на оваа сезона останува клучен играч во плановите на Челси. Неговиот договор со „сините“ важи до 2033 година.