Хрватите го искористија подарокот од Швајцарија - сега сѐ зависи од нив
„Коцкестите“ беа свесни за важноста на денешниот меч и од првата минута заиграа максимално сериозно. Тоа резултираше со водство од 5-1 по само десет минути игра за потоа хрватската репрезентација да го диктира темпото до крајот на првото полувреме кое го доби со 14-11.
Почетокот на вториот дел донесе промена на однорот на силите, во 42. минута Словенија израмни на 18-18, подоцна и на 19-19, но ниеднаш не успеа да премине во водство. Кога веќе го одби тој налет, Хрватска со серија од 4-0 од 54. до 58. минута поведе со 29-24 и стави точка на дилемите околу победникот.
Тин Лучин беше фантастичен, со седум гола од девет шута, Давид Мандиќ постигна шест гола, а во клучните моменти се истакна и голманот Доминик Кузмановиќ кој одбрани два шута и ги уништи надежите на Словенците да дојдат до победата. Во словенечката репрезентација, најефикасни беа Новак и Макуц со по шест гола.
Словенија со овој пораз ги загуби шансите за пласман во полуфиналето, додека Хрватска сама одлучува за место меѓу најдобрите четири, утре против отпишаната Унгарија, во последното коло од главната фаза.