Ремек-делото на Пелистер против Барселона ќе биде гол на годината во ЛШ!? (ВИДЕО)

Македонкиот ракометен шампион Пелистер можеби го загуби дуелот против Барселона (30-34) во Битола, меѓутоа натпреварот ќе се памети по мајсторскиот гол во последните минути од средбата во Лигата на шампиони (ЛШ).

Чуварот на мрежата на битолчани, Никола Митревски испрати долга топка кон Дејан Манасков, кој буквално „полета“ како Супермен и постигна погодок од невозможна позиција.

На профилот на ЕХФ Лигата на шампиони повторно беше објавен голот на „зелено-белите“ со прашање дали ова е „голот на годината“, при што голем дел од фановите се сложуваат дека тешко ќе биде постигнат подобар погодок во брзо време.

Фото: Ѓорѓи Личовски/ЕПА