
Ниту Џерард, ниту Солшер: Германец ќе го тренира Миовски во Ренџерс
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски и соиграчите веќе некое време беа без тренер, откако претходно беше отпуштен Расел Мартин поради лошите резултати, па сега перспективниот германски стратег Руел ќе има задача да го врати Ренџерс на победнички патеки.
Германецот во изминатите години беше дел од стручните штабови на Лајпциг, Саутемптон и Баерн Минхен, додека како тренер работеше во Шефилд Венздеј, кој го остава на последната позиција во Чемпионшип-лигата.
Ренџерс по осум одиграни кола во шкотскиот шампионат има само девет освоени бодови, односно 13 помалку од лидерот Хартс.
Фото: Rangers FC