
Тешки обвинувања за Шевченко: Им се „продал“ на Русите за директорска позиција?!
Имено, Шевченко кој е прв човек на украинскиот фудбал неодамна доби позиција и во ФИФА каде што беше назначен како директор на „одборот за иднина на фудбалот“. Но, според Бурбас легендата на Милан позицијата ја добил само благодарение на тесната врска со Русија.
„Руски претставници се наоѓаат во дури четири одбори на ФИФА кои се многу поважни од местото на Шевченко. Практично тој доби место кое беше „измислено“ за него. Сигурен сум дека тоа е направено со цел да не се противи на враќањето на Русија во меѓународниот фудбал“, изјави Бурбас.
Фото: FIFA