Ендрик со скандалозен потег си ја запечати судбината во Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер Ендрик е еден од најталентираните во светот, меѓутоа поминува низ тежок период во Реал Мадрид и фрустрациите се повеќе од очигледни, а неговиот најнов потег му ја запечатил судбината во шпанскиот гигант.

Ендрик не добиваше шанса кај тренерот Чаби Алонсо, а неговиот револт кулминирал во мечот против Хетафе (1-0) кога се изнервирал затоа што стратегот го испрати на клупа по загревањето, наместо да го прати на теренот.

Фудбалерот шутнал шише со вода пред очите на тренерите и неговиот скандалозен потег ќе биде казнет од Алонсо, кој воопшто не бил задоволен од реакцијата на Бразилецот.

За младиот фудбалер веќе се шпекулира дека ќе замине во јануари, а за неговите услуги се заинтересирани неколку екипи.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.