Челси ќе го „одврзе ќесето“ и ќе плати 100 милиони евра за нов напаѓач

Светскиот клупски шампион Челси планира да купи нов напаѓач по повредата на Лијам Делап, а медиумите пишуваат дека наводно е подготвен да плати 100 милиони евра.

На радарот на „сините“ бил 21-годишниот шпанскиот напаѓач Самуел Омородион, кој во моментов го носи дресот на португалски Порто.

„Фихајес“ пишува дека Челси ќе плати 100 милиони евра за да го добие талентираниот напаѓач, меѓутоа негово доаѓање се очекува дури наредното лето.

За услугите на Омородион веќе неколку европски гиганти покажаа интерес, но Челси делува дека е подготвен да испрати понуда.