Заниоло со гол му донесе бод на Удинезе на гости кај Кремонезе (ВИДЕО)

Фудбалерите на Удинезе и Кремонезе одиграа без победник (1-1) во седмото коло од италијанската Серија А.

Терачино беше стрелец на првиот гол на натпреварот во четвртата минута, кога донесе водство за домаќинот.

Заниоло, сепак, во вториот дел погоди за Удинезе и тој погодок му донесе бод на гостинскиот состав.