Репрезентативците на С. Арабија за пласманот на СП добија по - 1,15 милиони евра!

Фудбалерите на репрезентацијата на Саудиска Арабија се пласираа на Мундијалот во 2026 година, а за тоа си добија огромна парична награда.

Секој фудбалер, како и член на стручниот штаб, за пласманот на Светското првенство (СП) си доби по 1,15 милиони евра, а оваа одлука ја соопшти министерот за спорт на државата.

Според информациите, исплатата кон фудбалерите ќе биде изврршена на 30 дена од крајот на квалификациите, а вкупно на фудбалската репрезентација ќе ѝ бидат поделени околу 30 милиони евра.

Фото: Saudi Arabian Football Federation