
Неверојатно: Клуб од место со 1.379 жители стана шампион и се пласира во ЛШ!
Мјалби со победата од 2-0 против Гетеборг го обезбеди пехарот на три кола пред крајот затоа што има недостижна предност пред ривалите.
Ова е екипа од југот на Шведска, која според пописот од 2023 година има 1.379 жители и со тоа стана најмалото место кое ќе има претставник во елитното натпреварување.
Клубот е формиран во далечната 1939 година на 1 април, а ова му е најголемиот успех во долгата историја.
Фото: Mjällby AIF