„Си отидов од Барселона поради Меси“
Крилниот напаѓач играше за Каталонците од 2004 до 2007 година, освојувајќи две титули во шпанското првенство и два шпански Суперкупа со нив, а неговиот највреден трофеј беше секако Лигата на шампионите во 2006 година. Барселона го победи Арсенал во финалето таа година по пресвртот (2-1), а Жули претходно го постигна единствениот гол во полуфиналниот натпревар со Милан. Како што истакна, од моментот кога пристигна Лионел Меси, му беше јасно дека неговото време во Барселона е завршено.
„Јасно го видов тоа. Имав уште една година од мојот договор и си заминав, бидејќи кога Меси дојде во првиот тим, веќе го видов каков е и што прави на тренинзите. Нема проблем, таков е животот. Тој го зазеде моето место. Можам слободно да кажам: Меси го зазеде моето место. Не е лошо, нели? Немам проблем со тоа. Она што го направи потоа и колку далеку стигна, мислам дека е неверојатно“, призна Жули.
Иако беше различен тип на играч, кој се одликуваше со многу добри напади на празен простор, тоа не му помогна да остане на Камп Ноу. Сега на неговата поранешна позиција во Барса игра Ламине Јамал, во кого Французинот гледа потенцијал за Златната топка.