Македонската репрезентација тргна по утеха во Даблин (ФОТО)

Откако пред три дена не успеа да ја помине првата пречка за пласман на Светското првенство, македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува пријателски дуел против Ирска на гостински терен.

Дебаклот од Данска ќе се памти уште долго, но националниот тим ќе се обиде да се утеши со победа против Ирска, некогаш исклучително респектабилна селекција и редовен учесник на големите натпреварувања. Експедицијата денеска замина за Даблин каде во вторник ќе се сретне со својот следен противник.

Натпреварот нема резултатско значење и тој, практично, е неофицијален дуел за третото место во бараж групата за Мундијалот откако Ирска во четвртокот загуби од Чешка на пенали.