Експресна реакција на Пелистер - продолжен договорот со словенечкиот бек
Словенечкиот лев бек останува во Битола бидејќи Пелистер го продолжи договорот за идната сезона сезона, со можност за продолжување на уште една. Ако опцијата биде искористена, Хенигман би останал во редовите на битолскиот клуб до 2028 година.
Хенигман дојде во Пелистер минатото лето од францускиот Шартр, а во кариерата играл уште за Сен Рафаел, Пик Сегед и Рибница.