Драма во Неапол: Болоња ги шокира Елмас и Наполи!

Фудбалерите на Болоња славеа во дуелот против Наполи со 3-2 во Неапол во 36. коло од Серија А.

Бернардески по само 10 минути ја затресе мрежата на домаќините, а Орсолини го зголеми водството на Болоња во 34. минута од пенал.

Пред крајот на првиот дел Наполи намали преку Ди Лоренцо (1-2), а на почетокот на второто полувреме Алисон Сантош стрелаше за 2-2.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 76. минута, а Наполи до крајот на средбата се обидуваше да стигне и до целосен пресврт, но не успеа, па казната стигна во 91. минута кога Роув погоди за 3-2 за Болоња.

Наполи остана на втората позиција со 70 бодови и до крајот на првенството ќе се бори за пласман во Лигата на шампиони.

Фото: Facebook/Bologna Fc 1909