Хал ќе се бори за место во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хал вечерва го победија Милвол со 2-0 и се пласираа во финалето на плејофот во Чемпионшип-лигата, па ќе играат за место во елитата.

Хал постигна два гола во второто полувреме, и тоа преку Белуми и Гелхарт за триумф од 2-0 против големиот ривал.

Во финалето на плејофот, Хал ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Саутемптон и Мидлсбро.

Претходно во елитата се пласираа Ковентри и Ипсвич, откако ги освоија првите две места во лигата.

Фото: Facebook/Hull City