Фабрицио Романо го откри фаворитот за кормилото на Челси

Англискиот гигант Челси се соочува со огромна криза и поради тоа управата бара квалитетен тренер кој ќе може идната сезона да изгради квалитетен тим.

Во изминатите денови голем број медиуми шпекулираа дека Чаби Алонсо е главен кандидат за кормилото на Челси, а сега се јави и новинарот Фабрицио Романо.

Романо потврдува дека „сините“ покажале сериозен интерес и наскоро ќе почнат преговори со поранешниот тренер на Реал Мадрид.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club