Познато колку ќе паузира Нико Вилијамс по повредата против Валенсија
Вилијамс се повреди на речиси еден месец од почетокот на Мундијалот, а денеска пристигнаа позитивни вести за неговата состојба.
Тестовите покажаа дека шпанскиот репрезентативец нема посериозна повреда, но ќе биде надвор од терените во следните три недели.
Талентираниот фудбалер треба да ѝ се приклучи на репрезентацијата на подготовките пред почетокот на Светското првенство.
Фото: Facebook/Athletic Club