Жирона освои бод на гости кај Рајо Валјекано

Фудбалерите на Жирона ремизираа на гостувањето кај Рајо Валјекано (1-1) и така ја прекинаа низата од три порази по ред.

Двете еккипи не беа ефикасни во нападот до самата завршница, кога Рајо Валјекано погоди преку Алемао за водство од 1-0 во 86. минута.

Жирона не се предаде и тргна по израмнување, а само четири минути подоцна Стуани погоди за конечни 1-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Girona FC