Тел од херој стана трагичар: Тотнем освои бод против Лидс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем освоија само бод против Лидс и ги чека пекол во борбата за опстанок во Премиер лигата, а главен актер на теренот денеска беше Матис Тел.

Тел постигна прекрасен гол во 50. минута за Тотнем и делуваше дека ќе биде херој за домаќините, но во 74. минута направи пенал, кој беше реализиран од Калвер-Луин за конечни 1-1.

На две кола до крајот, Тотнем е на 17. место со 38 бодови, односно два поени повеќе од Вест хем кој е во зоната за испаѓање.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Tottenham Hotspur