Јамал: Му благодарам на Бог што не сум мадридиста! (ВИДЕО)

Младио и талентиран фудбалер на Барселона, Ламин Јамал привлече големо внимание со неговиот потег за време на шампионската парада по освоениот пехар во Ла Лига.

Јамал покажа дрес пред навивачите на кој пишуваше „Му благодарам на Бог што не сум мадридиста“, а оваа сцена предизвика бурни реакции кај фановите на „кралскиот клуб“.