Скалони го објави поширокот список на Аргентина - нема две познати имиња! (ФОТО)

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го објави поширокиот список од 55 фудбалери за Светското првенство (СП) во 2026 година, но на него нема неколку познати фудбалери.

Лионел Меси ќе биде лидер на екипата, но интересно е тоа што на списокот со 55 фудбалери го нема Пауло Дибала од Рома, но и поранешната ѕвезда на Атлетико, Анхел Кореа.

Конечниот список до крајот на мај ќе мора да биде намален на 26 репрезентативци кои ќе настапат на Мундијалот ова лето.

Фото: Facebook/Selección Argentina in English