Викендов беше херој на Арсенал, а сега сопругата го избришала од Инстаграм
Имено, во моменти кога неговиот тим чекори кон освојувањето на титулата во Премиер лигата, сопругата на Тросар буквално го избриша од нејзиниот Инстаграм профил.
Триесет и тригодишната Лаура Хилвен ги избришала сите фотографии со ѕвездата на Арсенал, вклучувајќи и спомени од нивната свадба, како и фотографии од заеднички одмори.
Медиумите на Островот пишуваат дека Хилвен нема објавено фотографија на која го носи венчалниот прстен уште од почетокот на декември минатата година, што дополнително ги подгрева сомнежите за проблеми во нивната врска.
Инаку, парот е заедно речиси 13 години, а се венчаа во 2019 година, а на темата за британски „Сан“ зборувал и извор близок на семејството.
„Лаура на Инстаграм имаше многу фотографии со Леандро од свадбата, одмори и излегувања, но сега сè е избришано. Ако некој денес го погледне нејзиниот профил, никогаш не би помислил дека биле заедно, а камоли во брак.“