Барселона експресно реагира, ќе го награди Флик за освоената титула

Ханси Флик со Барселона вчера стигна до уште една титула во Ла Лига, втора во низа откако го презема клубот во 2024 година, па така во клубот сосема очекувано се и тоа како задоволни од неговата работа.

Германскиот стратег има огромно влијание во клубот откако го наследи Чави Ернандез на тренерската функција и за две сезони освои вкупно пет трофеи.

Во Барселона сакаат што подолго да го задржат на „Камп Ноу“, а преговорите за нов договор траат веќе подолго време. Според најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, двете страни веќе постигнале договор.

Овие информации ги потврдува и „Спорт“, од каде што наведуваат дека продолжувањето на соработката е во завршна фаза и конкретен исчекор би можел да се случи веќе следната недела.

Ваквите информации доаѓаат по состанокот меѓу спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко и познатиот агент Пини Захави. Иако главна тема на состанокот била иднината на Левандовски, се разговарало и за продолжувањето на договорот на Флик.

Новиот договор според најавите би имал важност до 2028 година со опција за продолжување на дополнителна година.