Скандал и по мечот во Штип: Фудбалер на Шкендија (А) со тупаница удира играч на Брегалница (ВИДЕО)
Во текот на мечот имаше голем прекин поради реакциите на гостите за досудениот пенал за Брегалница.
Но и по последниот судиски свиреж страстите не се смирија, напротив, имаше ситуација по која работите станаа уште пожешки.
На видеото (десната страна), може да видите како играчот на Шкендија Арачиново со број 19 удира фудбалер на Брегалница кој по примениот удар падна како покосен. Тоа уште повеќе ги разгоре страстите во двата табора.