Рашфорд: Не сум магионичар, но ако бев - ќе направев да останам во Барса!
Англичанецот синоќа со прекрасен гол го отвори Ел Класикото против Реал Мадрид, одигра одлична партија, па повторно се отвори прашањето за неговата иднина.
„Не сум магионичар, да бев, ќе направев да останам“, рече Рашфорд за „Би-Би-СИ“ по натпреварот.
„Навистина ми е добро во Барселона, дојдов тука да победувам и тоа се случува. Овој тим е прекрасен тим и ќе освојува уште многу во иднина, да се биде дел од ова е нешто посебно“.
Рашфорд игра на позајмица од Манчестер Јунајтед, а Барса ако сака да го направи трансферот перманентен треба да му плати 30 милиони евра на англискиот клуб.
Фото: X/Barcelona