Њујорк со „метла“ ја исфрли Филаделфија за финале на Истокот! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк Никс уште еднаш покажаа дека се многу посилни од Филаделфија, овојпат победија со 144-114 на гостински терен и со скор од 4-0 се пласираа во финалето на источната конференција.

По првите 12 минути беше јасно дека ова ќе биде уште една победа за Њујорк. Првата четвртина ја добија со огромни 43-24 и потоа го контролираа натпреварот се до конечни 144-114.

Мекбрајд со 25 поени беше најефикасен кај Њујорк, Брансон постигна 22, а Харт 17. Во составот на Филаделфија, најдобар беше Ембид со 24 поени.

Минесота со одлична последна четвртина го победи Сан Антонио со 114-109 и изедначи на 2-2 во серијата.

Едвардс беше ѕвезда на вечерта, постигна 36 поени, следниот стрелец кај домаќините беше Рид со 15. Кај Сан Антонио, Фокс и Харпер постигнаа по 24.

Резултати:

Филаделфија - Њујорк 114-144 (0-4)
Минесота - Сан Антонио 114-109 (2-2)