Навивачи на Арсенал завршија на трибината на Вест хем и добија – ќотек!
На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како навивачи на Вест Хем насилно исфрлаат помала група за која откриле дека станува збор за навивачи на нивниот ривал.
„Топчиите“ со победата од 1-0 ја зацврстија лидерската позиција во трката за титулата, додека „чеканите“ дополнително се доближија до опасната зона.
Физичкиот инцидент избувнал по решавачкиот погодок на гостите кој го постигна Тросар, а токму прославата на голот ги открила навивачите на Арсенал кои се наоѓале на погрешна трибина.
West Ham fans were seen kicking 'Arsenal supporters' out of the home end 😲 pic.twitter.com/A9wcxcy2eZ
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) May 11, 2026