Курасао го враќа славниот холандски стручњак, ќе падне рекордот на мундијалите

Холандскиот стручњак Дик Адвокат ќе се врати на клупата на Курасао, централноамериканската островска нација која се квалификуваше за Светското првенство, тврдат медумите во Холандија.

Курасао прпвпат ќе биде на мундијалите, како најмалата земја што некогаш обезбедила пласман, а токму 78-годишниот холандски стручњак имаше огромна улога во тој успех. Адвокат мораше да се повлече од функцијата селектор претходно оваа година поради тешка болест на неговата ќерка, а го наследи Фред Рутен. Наследникот не го започна својот мандат на најдобар начин, забележувајќи порази во пријателските натпревари против Кина со 0-2 и Австралија со 1-5, па челниците на федерацијата одлучија да не му ја дадат довербата за Светското првенство.

Доколку Адвокат ги води натпреварите во Америка, ќе стане најстариот тренер во историјата на светските првенства. Рекордот моментално го држи Ото Рехагел, кој ја предводеше Грција до Светското првенство во 2010 година на 72-годишна возраст. Курасао ќе игра во групата Е, заедно со Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.