Скалони го објави поширокиот список за Мундијалот, отпаднаа две звучни имиња!

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави поширокиот список од 55 фудбалери за претстојното Светско првенство, а очекувано на него е Лионел Меси. Искусниот ас на Интер Мајами се подготвува за уште еден мундијалски предизвик, кој најверојатно ќе биде негов последен во кариерата.

Иако на списокот има дури 55 имиња, јасно е дека дел од фудбалерите нема да обезбедат место во конечниот состав за турнирот што летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Најголемо внимание привлече отсуството на Пауло Дибала. Фудбалерот на Рома, кој има 40 настапи за аргентинската репрезентација, не доби повик од Скалони.

Покрај Дибала, надвор од списокот остана и Анхел Кореа, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, па токму тие двајца важат изненадувања на списокот.

Од друга страна, место меѓу повиканите добија Лисандро Мартинез од Манчестер Јунајтед и Алехандро Гарначо, кој и покрај долгата пауза од настапи за националниот тим повторно се најде во комбинација кај Скалони.

Останува да видиме кои фудбалери ќе отпаднат пред конечниот список за Мундијалот кој почнува на 11 јуни.

Фото: Selección Argentina in English